ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Владата ќе одлучува дали ќе забрани јавни собири и натпревари поради коронавирусот

Ние како Министерство за здравство предлагаме оваа мерка да важи најмалку една недела, со можност во кој било момент да се донесе и друга мерка во зависност од тоа како ќе се движи ситуацијата од случувањата во регионот, рече на денешната прес-сконференција министерот за здравство Венко Филипче

February 28, 2020 10:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница ќе одлучува дали ќе забрани масовни јавни собири без разлика дали се организираат на отворен или затворен простор, како спортски настани, но и претстојните планирани карневали во Струмица и Прилеп, со цел превенција на ширење на коронавирусот.

-Ние како Министерство за здравство предлагаме оваа мерка да важи најмалку една недела, со можност во кој било момент да се донесе и друга мерка во зависност од тоа како ќе се движи ситуацијата од случувањата во регионот, рече на денешната прес-сконференција министерот за здравство Венко Филипче.

Нашиот предлог, додаде Филипче е да се забранат сите јавни собири каде има голема број луѓе, дали се во затворен или отворен простор.

-Сметам дека треба да се откажат сите гоелми јавни собири вклучително и спортските натпревари, истакна министерот за здравство.

Тој појасни дека вчера имало состанок Комисијата за спречување заразни болести од каде произлегла препораката да се ограничат масовните јавни собири, согласно Законот за спречување на заразни болести.

Филипче на прес конференцијата информира дека засега нема нови случаи на лица позитивни на коронавирус во земјава. Во моментов се чекаат резултати од тестирање на едно лице кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица. Тој поради покачена температура се јавил во соодветна здравствена установа каде му се направени тестови за присуство на коронавирус.

Засега единствен случај на лице заразено со коронавирисот останува веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот Ковид-19. Пациентката, рече Филипче, се чувствува добро, и според лекарите веќе влегува во фаза на оздравување.

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Коронавирусот првпат се појави во Вухан, Кина, на 12 декември 2019 година. По брзото ширење на болеста, големиот број жртви и заразени, Светската здравствена организација (СЗО) на 30 јануари прогласи „меѓународна вонредна состојба“.

Next Post

Повторно одбиено барањето за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги

НАЈНОВО

куче

Во Италија има повеќе миленици отколку новороденчиња – демографската криза станува алармантна

November 15, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

November 15, 2025

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk