Заев, во ТВ дуелот на Канал 5, во врска со висината на буџетите, образложи:
„Мегаломанските буџети кога се трошат на врби, на музеи, на споменици тогаш е проблем и се покажува преку тоа дека реализирате капитални инвестиции. Денес вложуваме во народот наш, во младите, во децата, во иднината… Сето тоа што е вложено и директно преку придонесите што го правиме во приватниот сектор ја зголемуват просечната плата во државата – таа е зголемена за 4.000 денари. Тоа не е малку, минималната плата е зголемена за 5 ипол илјади денари, отворени се 60.000 работни места.
Сите овие политики дефинитивно даваат резултат, намалување на трошоците на граѓаните, укинавме пола од парафискалните давачки кои што постоеа, скриени, наметнати насекаде, целосно ослободивме од давачки на граѓаните дали е тоа преку ефтината тарифа… радиодифузната такса, трошоците кои што ги имат, со Мој ДДВ враќаме пари назад према граѓаните, кон земјдолците со зелената нафта, повраток на персонален данок… Вложуваме во народот, веруваме дека народот, кога има повеќе пари, тој парите ги троши, така што, на еден начин, пак се враѓаат во буџетот, тоа се вистински политики кои што даваат денеска резултат.“