ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шкријељ: Направивме пресврт, воведовме социјална пензија што ја земаат над 5.000 лица, а детски додаток добиваат 33.000 корисници

Непостоењето на системска грижа, како што посочи Шкријељ, резултирало со состојба да најголем број од членовите на семејствата што се опфатени со социјална заштита, се долгорочно невработени и со ниски квалификации.

February 29, 2020 12:02
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Затекнавме систем на социјална заштита што не стигнува до оние на кои им е најпотребен, центри за социјална работа без доволно стручен кадар и долги години занемарување на најранливите и најсиромашните членови на заедницата. Ова не го кажуваме само ние, ова го потврдуваат и сите извештаи како на домашните, така и на меѓународните организации. Едноставно, социјалната заштита не била приоритет, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ во дебатната емисијата „Еу Клик“ на ТВ21.

-Затоа се зафативме со целосна реформа на системот на социјална заштита и за овие 2,5 години визијата дека секоја индивидуа заслужува еднаква грижа, еднакви можности и е драгоцен ресурс за којшто државата треба да се грижи, ја наметнавме како приоритет во јавниот дискурс. Новиот Закон за социјална заштите беше донесен во мај 2019 година и веќе можеме да ги видиме првите резултати. Го воведовме правото на социјална пензија од 6.000 денари, за лица кои немаат 15 години стаж. Веќе имаме над 5.000 корисници на ова право. Бројките одат во нагорна линија. Ако претходно имало околу 3.000 семејства приматели на детски додаток, последната исплата е за 33.000 корисници“, укажа, како што соопштуваат МТСП, Шкријељ.

Непостоењето на системска грижа, како што посочи Шкријељ, резултирало со состојба да најголем број од членовите на семејствата што се опфатени со социјална заштита, се долгорочно невработени и со ниски квалификации.

-Не се работело на нивно оспособување и враќање на пазарот на труд. Тие биле едноставно заборавени и завршувале со она што се нарекува меѓугенерациски пренос на сиромаштија. Имате родители што се во системот и нивните деца продолжуваат да се во системот. Вистински излез од сиромаштија е можен само со вработување. Затоа работиме на активација, која е суштина на социјалната реформа. Со поддршка на ЕУ и Агенцијата за вработување, со центрите за социјална работа креиравме посебна програма за корисниците во нашиот систем. Се избира најработоспособното лице од семејството, му се дава психосоцијална поддршка и се упатува на обука за доквалификација или преквалификација, со цел да му се понуди соодветно работно место, нагласи Шкријељ.

Шкријељ,како што наведуваат во соопштението до нејзиниот кабинет, одговори и на прашањето зошто сѐ уште медиумите известуваат за социјални случаи.

Објаснувајќи дека само што се поставени основите на системот на социјална заштита и дека воспоствувањето систем кој навистина нуди заштита и поддршка бара продолжување на посветената и интензивна работа, дополнителната заменик-министерка рече дека втор битен елемент е прашањето зошто центрите за социјална работа чекаат да се појави случај по медиумите па да реагираат.

-Кога велиме дека сме имале занемарен систем, тоа значи дека сме имале занемарени центри за социјална работа, со недостаток на стручен кадар, вработувани лица со несоодветен профил, со земјоделско училиште, ветеринари. Затекнавме центри за социјална работа каде нема ниту еден стручен тим. Затоа битен дел од реформата беше инвестирањето во центрите за социјална работа, прво, преку дополнителни вработувања, второ преку отворање канцеларии на центарот за социјална работа во секоја општина, со што центрите ќе бидат поблиску до граѓаните и ќе можат многу побрзо да ги мапираат ваквите случаи, да ги посетат и да ги внесат во системот. Постојано се вршат обуки на кадарот во центрите за социјална работа. Направиме и зголемување на нивните плати, кои беа на недостоинствено ниво, кажа Шкријељ.

Во делот на консолидација и зголемување на износот на финансиските трансфери, Шкријељ објасни дека четиричлено семејство, ако претходно, во просек, добивало околу 3.000 денари сега би примало околу 10.600 денари.

-Треба да имаме предвид доколку во семејството има лице кое е неспособно за работа, се пресметува дополнителен коефициент, доколку има лице со попреченост, дополнителен коефициент. Ако зборуваме за самохран родител има зголемени износи, рече Шкријељ, додавајќи дека една од препораките на експертите вклучени во реформата е да се креира систем што ќе одговара на индивидуалните потреби на различните семејства и различните индивидуи во општеството.

Реформата на системот на социјална заштита во Република Северна Македонија, наведуваат во соопштението, беше изготвена во соработка со домашните граѓански организации, академската јавност, меѓународните организации, ОН агенциите, Светска банка и ЕУ делегацијата. Беше направена анализа на постоечкиот систем, компаративна анализа со слични системи во регионот и скандинавските земји и беше утврден најкомпатибилен модел за нашата земја.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандинавците исплашени од успехот на Мицковите градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk