ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Е-пошта за поврзување на родители кои поминуваат низ процес на прифаќање и поддршка на сексуалната ориентација на своите деца

Ова е почеток на кампањата Родители на ЛГБТИ деца: Не сте сами!.

March 1, 2020 14:43
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Отсега родителиле кои поминуваат или поминале низ процесот на прифаќање и поддршка на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет на нивното дете, ќе можат да се поврзат со други родители преку е-пошта, или на  roditeli@lgbti.mk со кои безбедно може да ги споделат своите искуства, чувства и прашања.

Ова е почеток на кампањата Родители на ЛГБТИ деца: Не сте сами!.

Стартот на кампањата го означи и едно писмо, обраќање на родител кон своето геј дете, испратено од родителите на ЛГБТИ дете до Центарот за поддршка.

„Ние, родителите, семејствата и пријателите на лејзбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и сите припадници на ЛГБТИ заедницата, ја славиме различноста и имаме визија за општество во кое сите се прифатени, вклучително и тие со различни сексуални ориентации и родов идентитет. ЛГБТИ Центарот за поддршка посакува добредојде на сите кои сакаат да учествуваат, да подржуваат и се надеваат дека оваа визија ќе се реализира. Нашите членови се родителите, семејствата и пријателите на ЛГБТИ лица, а и самите ЛГБТИ лица. Тоа значи една група со разнолики политички, религиозни и културолишки перспективи. Доколку имате потреба слободно и без било каква осуда да разговарате за она низ што поминувате и да слушнете други перспективи и искуства, ЛГБТИ Центарот ви стои на располагање“, се вели во соопштението на Центарот за поддршка на ЛГБТИ.

Поради потребите на проектот ,, What comes next?”, Центарот за поддршка објавуви и  јавен повик за собирање животни приказни од припадниците на транс заедницата.

„Овој проект, симболично насловен како ,,What comes next?!”, е замислен како проект од интерактивен и интердисциплинарен карактер, во кој подеднакво ќе партиципира и трансзаедницата, кои ќе имаат можност да ги достават своите животни приказни, кои понатаму во соработка со уметниците ќе ја добијат својата визуелна форма, што на крај ќе биде презентирана во групна изложба. Самиот наслов, директно алудира на главната цел и порака која ваквата колаборација ќе се обиде да ја пренесе- да се искаже сето она низ што со годините наназад поминале овие индивидуи, сето она низ што денес, можеби во овој момент го поминуваат, онаа животна стаза која поради многубројните општествени, административни, психолошки бариери, постојано ја поминуваат, враќајќи се назад низ лавиринтите на општеството, одново и одново“, велат од Центарот за поддршка на ЛГБТИ.

Ги повикуваме сите припадници на транс заедницата кои имаат волја да ја споделат својата животна приказна, да се пријават на овој повик, најдоцна до 25ти февруари, 2020 година, пополнувајќи го директно самиот формулар, доколку се заинтересирани во писмена форма да ја доставaт својата приказна, или пак, оставајќи ги своите податоци за контакт на vitanovskaangela3@gmail.com во случај директно да сакаат да ја раскажат својата приказна на уметникот.

„Главната идеја за реализација на овој проект е преку рецентни дела, создавани директно како визуелен продукт на вистинските животни ситуации низ кои поминуваат транс луѓето, да се зголеми јавната свест и да влијае на намалувањето на предрасудите кон припадниците на оваа заедница, кои доведуваат до прекршување на нивните права, често ескалирајќи во вербално и физичко насилство. Целта е да преку зголемување на видливоста на овие лица, нивно прифаќање од страна на пошироката заедница, да дојде до еден вид ослободување како единствен начин на градење на подобро, потолерантно и послободно општество“,

Проектот „What comes next?“ е еден од проектите во рамки на ре-грантинг шемата за зајакнување на ЛГБТИ заедницата, а која е дел од Проектот за ЛГБТИ инклузија 2.0 кој е финансиски поддржан од ИЛГА-Европа, а имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во партнерство со Коалиција Маргини.

Носител на иницијативата и автор на проектот е Ангела Витановска, историчар на уметност и куратор.

Вчера вечер се одржа и првиот трансродов ПичПрич слем, во просториите на Комитет.

„Имајќи ги предвид молкот, неприсутноста во јавноста, маргинализацијата и општото непознавање на трансродовите прашања од страна на општеството, нашите раскажувачи ќе зборуваат на темата „Мојата приказна“.

Раскажуваа: Алекс Ристовски, трансродов маж. Оди на психодрама за личен раст и развој и обожава да чита книги.

Tōkyō de Ville, дрег кралица од Скопје, чиј дрег е политички настроен и со цел да го покаже револтот што е резултат на опресија.

Предраг Јовановски, транс маж од Свети Николе. Студира семејни студии и веќе двапати настапувал на ПичПрич, на големо задоволство на публиката.

Даниел Проданов, од Струмица, квир трансродов маж. Активист за ЛГБТ права со фокус на трансродовата заедница и сексуалната работа.

Во лична карта Нарциса Тунтева, магистер по соло пеење.  Во слободно време пишува поезија, вози точак, сака да им помага на безпомошните луѓе. Во приватниот живот помалку познат како Емил, трансродов маж.

Настанот е дел од Проектот за ЛГБТИ Инклузија 2.0 реализиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во партнерство со Коалиција Маргини, а финансиски поддржан од страна на ИЛГА-Европа.

ФРОНТЛАЈН.МК ги поддршува активностите на ЛГБТИ заедницата, се залага за нивните права, различностите и активно учествува во борбата против предрасудите!

И.Т.З.

Next Post

СДСМ: Во новиот мандат ќе обезбедиме нови 100.000 работни места и рекорден раст на платите

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk