ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчката војска спречи влез од Турција на речиси 10 илјади бегалци и мигранти

Според истите информации, оние кои нелегално влегле во Грција и биле уапсени се од Авганистан, Пакистан и Сомалија и немаат никаква врска со Идлиб.

March 1, 2020 11:27
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 24 часа, од шест часот наутро вчера до шест часот утрово, на грчка територија бил спречен влез на 9.972 лица од Турција во делот околу Еврос, а биле уапсени 73 лица, брифираат извори од грчката Влада за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, оние кои нелегално влегле во Грција и биле уапсени се од Авганистан, Пакистан и Сомалија и немаат никаква врска со Идлиб.

Околу два часот по полноќ имало масовен и организиран обид на поголема група млади мигранти да влезат на грчка територија, нелегално, од дел каде што не постои ограда, а се наоѓа во близина на граничниот премин.

Половина час претходно, грчката полиција и грчката војска ги забележале мигрантите и успеале да го спречат нелегалниот влез.

Во текот на вчерашниот ден, имаше и инциденти, откако насобраните лица од турска страна фрлаа камења, солзавец, дрва, железа кон грчката страна.

Од рано утрово, на грчко – турската граница се министерот за одбрана Никос Панајотопулос и неговиот заменик Алкивиадис Стефанис.
Грчкиот весник „Катимерини“, доцна синоќа објави дека во група на апликацијата „Телеграм“, постои повик за собир во понеделник во 12 часот напладне во Истанбул со цел да се стигне до границата со Грција.

-Ги информираме, оние кои сакаат миграција во Европа. Во соработка со „Црвената полумесечина“, бродови и чамци се подготвуваат да префрлат мигранти до грчките острови доколку грчката Влада не ја отвори границата, пишува, според „Катимерини“, меѓу другото во пораката на „Телеграм“ испратена во група што има 1.080 членови.

Весникот коментира дека не познато кои се креаторите на групата, а споменувањето на „Црвената полумесечина“ може да е трик за повикот да биде поверодостоен.

Next Post

По сообраќајка на патот Кичево-Скопје, возилата се пропуштаат наизменично

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk