ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Ангеловска: Буџетот има капацитет за какви било шокови со короноварирусот

Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради коронавирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови,  вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

March 2, 2020 13:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради коронавирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови,  вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Првична реакција, укажува, имаше на пазарот на капитал, а засега се можни евентуални последици во транспортната и туристичката дејност поради откажаните аранжмани, како и кожарската индустрија што соработува во регионот на Северна Италија.

– Не би рекла дека може да кажеме – ништо не може да очекуваме,  меѓутоа  следиме и оти треба да бидеме будни и да интервенирале или превенираме каде било, следиме и го имаме капацитетот, за тоа се дискутира и во рамки на Владата. Сепак, сметам дека во однос на какви било анализи или квантификации не би било сериозно да излеземе веднаш со некакви си бројки, изјави Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата по повод стартот на проектот за локални патишта.

Како што посочи, првата реакција при ваква состојба е секогаш кај пазарот на капитал, како што беше случајот и кај нас со неодамнешниот пад на МБИ на Македонска берза, но искуство покажува оти доаѓа до стабилизирање и не било оправдано.

– Она кое што го гледаме е дека ете има  откажани туристички аранжмани, па тука влијае одреденото одложување на аранжманите кај туристичките агенции, кај транспортната дејност.  Друга некоја дејност во која што можеби евентуално би се почувствувало иако не зборуваме за криза зборуваме за моменталната анализа, е кожарската индустрија која што има размена со Италија. Значи, генерално зборуваме за будно следење, како што кажа и премиерот, превенирање, секако и во рамки, пред се, и најважно е здравјето и здравството, но секако и во рамки на економијата, бидејќи здравјето влијае и на економијата и обратно економијата влијае на здравјето, рече Ангеловска.

Премиерот Оливер Спасовски, пак, апелира на зголемена свест кај граѓаните за што подобро  натамошно справување со опасноста од ширење на коронавирусот.

– Најважно беше како да се пресечат патиштата на пренос на коронавирусот. Мислам дека сега за сега сите заедно,  и граѓаните, и институциите и медиумите, успеваме да се справиме добро. Јас само апелирам на зголемената свест кај граѓаните  во однос на помошта за тоа што е потребно секој од нас да прави за да имаме добро справување и со оваа состојба, со оваа криза, изјави Спасовски.

Препораките воведени за заштита од коронавирусот да не се одржуваат јавни собири продолжуват и неделава, до 6 март. Викендов беа откажани јавни собири, а се откажаа и карневалите во Прилеп и Струмица. Нов потврден случај на коронавирус во земјава нема, а жената која е на Инфективната клиника од минатата недела позитивна на вирусот Ковид-19 е во добра здравствена состојба.

Во сила се и препораките компаниите и институциите да не дозволуваат на вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа бидејќи мора да поминат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk