ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Надлежните институции на координација за преземање итни активности за заштита на Преспанското Езеро

На средбата беше заклучено дека Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја интензивира прекуграничната соработка со Албанија и Грција, користејќи ги сите расположиви дипломатски канали за реализација на трилатералниот Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа и за формирање заедничко координативно тело за прекуграничното управување и мониторинг не само на водите на Преспанското Езеро, туку и целиот екосистем на Езерото.

March 2, 2020 17:12
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска се одржа итна координативна средба помеѓу градоначалникот и претставници на Ресен, научните институции, експерти и заинтересирани страни за надминување на состојбата на драстично намалување на нивото на Преспанското Езеро. 

На средбата беше заклучено дека Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја интензивира прекуграничната соработка со Албанија и Грција, користејќи ги сите расположиви дипломатски канали за реализација на трилатералниот Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа и за формирање заедничко координативно тело за прекуграничното управување и мониторинг не само на водите на Преспанското Езеро, туку и целиот екосистем на Езерото.

Во исто време ќе се работи на интензивно детектирање и реализација на активности за исполнување на националните обврски и можности за надминување на состојбите во Преспанското Езеро.

-Заеднички беше ставот дека заштитата на Преспанското Езеро е процес на кој иако  и досега се работело, за да се добијат видливи резултати потребно е преземање долгорочни, добро координирани, континуирани и финансиски покриени мерки. Она што може да се направи веднаш,  е во најкус можен рок да се формира екпертска работна група, која ќе ги прибере и обработи сите постоечки податоци, и ќе даде научна проценка за причините за драстичното намалување на водостојот на Езерото, соопшти МЖСПП.

Групата ќе испита и ќе даде мислење дали покрај природните причини – долгиот сушен период кој се одрази врз нивото на водите, не само на ова езеро туку воопшто на водотеците во државата, има некои посериозни влијанија предизвикани од човечкиот фактор. Беше заклучено дека придонес за тоа мора да има и од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

-Пред сè, неопходно е да се испита и да се дадат првични индикативни сознанија за можното влијание на земјоделието и користењето на бунарите за наводнување на земјоделските насади во оваа област. Истото ќе се испитува и во соседните држави, наведува МЖСПП. 

На состанокот присуствуваше градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, претставници на Македонското еколошко друштво, Хидробиолошкиот завод од Охрид, Инстиутот за биологија при ПМФ, Шумарскиот факулетет и од невладини организции.

Next Post

ЕУ и Западен Балкан се координираат во врска со мигрантите

НАЈНОВО

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

Божиновска-Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија, се редефинира енергетската карта на регионот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk