Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката, на развојот. Но, мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена, истакна градоначалникот на Штип Благој Бочварски.
Овој мост и украс на градот ќе го носи името мост „Иднина“. Нека мостот сведочи за развојот на градот и нека биде значајна точка на среќавање на штипјани од двете страни на река Брегалница. Ќе се подобри комуникацијата меѓу граѓаните и ќе се олесни движењето. нека ни е честит мостот иднина и нека служи на денешните и идните генерации, потенцира Бочварски.
„Во Штип ова се случува после 60 години а ваков мост се гради за прв пат. Овој мост е изграден целосно од буџетот на Општина Штип односно од парите на граѓаните. Затоа е важно да ги вклучиме граѓаните во носењето на одлуките за да знаеме и ние што е тоа што им е најмногу потребно , за да може и понатаму да знаеме што е приоритетнио за граѓаните да се направи. Зашто демократијата е најважна и произлегува од локално ниво.“, изјави премиерот Оливер Спасовски.
С. М. Ж.