ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски со делегација на МНР од Хрватска: Извештајот е добра најава за почеток на преговорите со ЕУ

За нас е исклучително важно, после најновиот позитивен извештај на Европската комисија, одлуката за почеток на преговорите да биде донесена што поскоро, нагласи Спасовски на средбата со министерот Радман, актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

March 2, 2020 22:39
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Извештајот на Европската комисија во кој се констатира значаен напредок на Република Северна Македонија во утврдените реформски области е добра најава за почеток на преговорите на Европската Унија со земјата, беше оценето на средбата  на премиерот Оливер Спасовски со делегацијата на Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска, предводена од министерот Гордан Грлиќ Радман.

Како што соопшти владината прес-служба, Спасовски истакна дека посетата на хрватската делегација  на нашата земја токму на  денот на  извештајот е израз на големата поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на Северна Македонија за цело време на процесот на интеграциите во Европската Унија.
-Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер кој за време на целиот евроинтеграциски процес ги исполнуваше своите обврски, ги испорача сите очекувани реформи и обврски, и дека тоа ќе и даде доволно силни аргументи на Хрватска, како актуелен претседавач со ЕУ, успешно да го менаџира процесот за одлучување во периодот пред нас. За нас е исклучително важно, после најновиот позитивен извештај на Европската комисија, одлуката за почеток на преговорите да биде донесена што поскоро, нагласи Спасовски на средбата со министерот Радман, актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Министерот Гордан Грлиќ Радман на средбата истакна дека во нашата земја допатувал со делегација од Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска во која се најдобрите и искусни познавачи на процесот на преговори со ЕУ.

-Тој изрази уверување дека посетата на хрватската делегација не е само симболичен гест на поддршка, туку конкретен придонес за пренесување на хрватското знаење и искуство во процесот за да се постигне успешен напредок и затворањето на поглавјата во преговорите со ЕУ. На средбата беше искажана заедничка согласност дека постои интерес исклучителните позитивни односи меѓу двете земји да напредуваат особено во делот на економската соработка и трговската размена за да се искористат традиционално добрите односи меѓу деловните заедници на двете земји, наведува прес-службата на Владата.
Next Post

Променливо облачно со засилен ветер и температура до 21 степен

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk