СДСМ препозна дека клучот за развојот и прогресот е во еднаквата застапеност на жените и токму затоа она со што се донесе одлука е не само еднаква застапеност на жените во сите управувачки структури во партијата туку и еднаква застапеност на листите.“, истакна во денешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24, заменик-министерката за труд и социјална политика Санела Шкријељ.
Системот којшто сега се нуди е систем којшто гарантира дека жените ќе бидат подеднакво застапени на пратеничките листи, потенцираше таа во денешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24, Шкриељ истакна дека СДСМ цврсто стои зад еднаквата застапеност на мажите и жените.
„Сметаме дека е време за 50 – 50, дека е време за силни и солидарни жени кои што ќе застанат позади овој концепт и да време е за радикални промени во нашето општество. Во изминатите 2,5 години мислам дека покажавме дека може да се преземат крупни чекори кои што ќе водат до унапредување на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите“, посочи Шкриjељ.
Таа ги посочи и досегашните резултати на владата предводена од СДСМ во изминатите 2 и пол години.
„Би ги спомнала само новиот Закон за абортус којшто значи слобода и автономија на жената да одлучува за сопственото тело, би ја спомнала ратификацијата на истанбулската конвенција и сите нови сервиси кои што ги отворивме се со цел превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените, би го спомнала новиот Закон којшто работи за превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените за разлика од досега препознаеното само семејно насилство, новиот Закон за заштита и превенција од дискриминација, понатаму развојот на услугите на локално ниво во социјалната заштитата што значи директно инвестирање во економијата на грижа“, подвлече заменик-министерката Шкриjељ во дебатата.