ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски: Граѓаните нема да бидат „курири“ на институциите

Според Шкријељ, воведувањето на електронските услуги ќе овозможи поголема ефикасност на вработените во центрите за социјална заштите, кои наместо како досега со административна работа, ќе се постветат на стручната работа.

March 5, 2020 13:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА

Во наредниот период ќе има нови електронски услуги за граѓаните од институциите преку Националниот портал, за издавање лични документи од Министерството за внатрешни работи,  документи од Управата за водење матичните книги (УВМК), упис на деца во градинка и училиште. Следен чекор ќе биде автоматска размена на податоци меѓу институции. Поради сите овие процеси некаде ќе има вишок вработени во администрацијата, а некаде не, вели ресорниот министер Дамјан Манчевски.

– Сакаме целосно да биде електронски начинот за апликација за лични документи за граѓаните ќе треба само да одат да се фотографираат и да ги подигнат. На електронски упис во градинка се работи и верувам дека ќе успееме во тоа во текот на следните недели. Уписот на деца во градинка трае цело време и граѓаните ќе можат веднаш да ја користат оваа услуга, а за училиштата имаме време да се организираме од септември. Во делот на Управата следната недела ќе ни биде големиот пробив, каде документите многу побргу ќе се генерираат и ќе се издаваат. Преку uslugi.gov.mk  граѓаните ќе може да ги добијат во рок од само неколку минути, информира денеска Манчевски, на претставувањето на услугите преку порталот во Министерството за труд и социјална политика од каде електронски се издаваат 11 потврди.

 

Тој потенцираше дека ќе нема никаква потреба граѓаните да бидат „курири“ на институциите, туку тие по автоматизам ќе си ги разменуваат податоците, односно потврди за работен стаж, за неосудуваност, за платени даноци.

Порталот досега има 10 000 корисници, а Манчевски лично не е задоволен од тоа колку се користи затоа што, како што потенцира, нуди многу можности.

Од областа што ја покрива МТСП моментно на порталот се достапни: барање на потврда за користење право на посебен додаток, потврда за додаток за обарзование, потврда за користење додаток за образование, за користење на право на детски додаток, за право на надомест заради  попреченост и потврда за право на гарантирана минимална помош.

– Сметаме дека е многу важно за граѓаните и нашите корисници  тоа што ако вообичаено требало минимум двапати одење во некоја институција и чекање од неколку дена за да се оствари некоја услуга или да се добие потврда сега тоа може да се направи од дома и се избегнуаваат сите редици и бирократски  процедури и чекање на шалтери, рече дополнителлната заменик министерка во МТСП Санела Шкријељ.

Таа најави дека следни услуги на кои ќе се работи да се воведат во електронска форма се утврдување на пензиски стаж поминат во странство, решение за основање приватна агенција за вработување и други.

Според Шкријељ, воведувањето на електронските услуги ќе овозможи поголема ефикасност на вработените во центрите за социјална заштите, кои наместо како досега со административна работа, ќе се постветат на стручната работа.

Со оглед на тоа што услугите од МТСП се поспецифични и се работи за категории граѓани кои се социјално ранливи и не се главни корисници на овие електронски услуги, оставена е опција за нудење на овие услуги  и преку шалтерите во МТСП и во сите контакт точки на МИОА каде можат да добијат насоки и помош.

Next Post

Андоновски: Говорот на омраза го гледам како алатка на одредени десничарски структури која ја користат да дојдат и останат на власт

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk