ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шкријељ: По 40 години поминати во институција, Мирсат и Васка добија свој дом, го враќаме достоинството на сите граѓани

Шкријељ посочи дека е ова е преубав ден за сите, ден кога едни од најстарите жители на Заводот добиваат свој дом.

March 5, 2020 09:46
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на деинституционализација продолжува. Уште двајца корисници на Заводот за заштита и рехабилитација на лица со телесна попреченост „Бања Банско“ од Струмица ја напуштаат институцијата. За Мирсат и Васка тоа е остварување на сонот за свој дом а за Владата и МТСП ова е реализација на ветувањето дека ќе го вратиме човечкото достоинство на сите граѓани, рече дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ по заедничката посета со градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на семејниот дом за поранешните корисниците на Заводот Бања Банско, во населеното место Добрејци, струмичко.

Шкријељ посочи дека е ова е преубав ден за сите, ден кога едни од најстарите жители на Заводот добиваат свој дом.

“Веќе нема деца до 18 години сместени во институции. Сите се префрлени во семејно окружување или во средина којашто е најблиска до семејната. Интензивно продолжуваме и со втората фаза на процесот на извлекување на корисниците од институциите, со возрасните граѓани кои со децении биле таму заборавени. Мирсат бил повеќе од 40 години жител на установата и Васка повеќе од 30 години. Сите бевме сведоци на огромната желба на Мирсат да има свој дом со неговата партнерка Васка. Обврска на институциите е да одговорат на тие барања. Сега двајцата корисници добиваат соодветна дневна поддршка од страна на негователи и ќе им биде обезбедена исхрана преку Завод за рехабилитација, а доколку има потреба преку општинскиот центар за социјална работа ќе им биде достапна услугата лична асистенција. Со ова не само што го враќаме достоинството на ранливите категории граѓани, туку и покажуваме дека резултатите се видливи кога Владата е посветена на создавање едно општество за сите“, изјави Шкријељ.

За Мирсат и Васка е адаптирана и комплетно опремена куќа во с.Добрејци од 96 квадратни метри со голема тераса и двор во која во наредниот период ќе можат да се сместат уште двајца корисници од установите за резиденцијална грижа.

Според градоначалникот на Струмица Јаневски, важна е реченицата што ја слушнале и од Мирсат и од Васка, дека ова е остварување на нивниот сон.
„Тоа е реченица што ја покажува успешноста на процесот на деинституционализација и на активностите да се лоцира што сакаат луѓето што со години биле во институциите. Наша обврска е да го најдеме она што ги мотивира, гледам имаат убави планови, а тоа отвора перспективи за нивната иднина“, укажа градоначалникот Јаневски.

Првите девет возрасни корисници го напуштија Заводот во Бања Банско во 2019 година, од кои двајца добија поддршка за враќање во сопственото семејство, а седуммина се преселени во станови во државна сопственост. Сите деветмина добиваат соодветна поддршка, вклучувајќи лична асистенција и поддршка од негователи.

Активностите за трансформација на Заводот Бања Банско се реализираат со средства од буџетот на МТСП, соработка со Општина Струмица и со поддршка на 4-те агенции на Обединетите нации – УНДП, УНИЦЕФ, УНЖЕНИ и УНФПА. Продолжи и трансформацијата на Специјалниот завод Демир Капија, односно 7 возрасни лица беа прeселени во Одделот на Заводот за живеење со поддршка во рамките на кој функционираат две нови станбени единици. Во јануари 2020, започна спроведувањето на три проекти финансирани од ЕУ (ИПА II) кои до крајот на 2022 ќе ја поддржат преселбата на над 100 корисници на Специјалниот завод Демир Капија во сервиси во заедницата за живеење со поддршка.

Владата на Република Северна Македонија една година пред предвидениот рок ја реализираше преселбата на децата сместени во гломазните домови во згрижувачки семејства и мали групни домови.

Како поддршка на животот во заедницата и развојот на индивидуалните сервиси, зголемена е сумата за час лична асистенција за 10 отсто, цената за услугата на згрижувачките семејства и за услугата поддржано живеење е зголена за 30 отсто, а дефинирана е и цената за услугата помош и нега во домот, која изнесува 240 денари за час.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk