ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според Ворлдметар, во светот досега се пријавени 96.274 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 3.304, а излекувани се 53.900. – До денеска во ЕУ се регистрирани 3.400 случаи на заразени со новиот коронавирус, соопшти претставник на Европската комисија на состанок на комисијата за здравство на Европскиот Парламент

March 5, 2020 14:58
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Добри вести од Меѓународниот монетарен фонд кој изрази поддршка за земјите кои се борат и го ублажуваат влијанието на Ковид-19 врз економиите насекаде, особено оние со ниски приходи и поранливите, напиша на Твитер директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Според Ворлдметар, во светот досега се пријавени 96.274 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 3.304, а излекувани се 53.900.

– До денеска во ЕУ се регистрирани 3.400 случаи на заразени со новиот коронавирус, соопшти претставник на Европската комисија на состанок на комисијата за здравство на Европскиот Парламент.

– Грција соопшти дека бројот на заразени се зголеми на 10 лица.

– Германија соопшти за 109 нови случаи на заразата за само еден ден со што вкупниот број на болни се зголеми на 349.

– Во САД бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 11.

– Јужнокорејските власти информираа за 467 нови случаи, со што вкупниот број на заразени во Јужна Кореја се зголеми на 6.088. Бројот на починати се зголеми на 36.

– Иран соопшти дека има уште 15 смртни случаи, со што вкупниот број досега изнесува 107. Сомнителни се 23.327 случаи, а потврдени се 3.513 инфекции, соопшти портпаролот на Министерството за здравство. Иран денеска ги затвори сите училишта.

– СЗО објави уште едно предупредување во кое вели дека измамници се претставуваат како вработени во СЗО и од луѓето бараат пари и лични податоци.

– Во Швајцарија е регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус. Се работи за 74-годишна жена која се разболеле пред два дена.

– Хрватскиот министер за здравство Берош рече дека засега нема нови случаи на заразата во Хрватска.

– Забавувањето на производството во Кина поради појава на новиот коронавирус  ја нарушува светската трговија и може да резултира со пад на извозот во износ од 50 милијарди долари, се наведува во проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ОН (УНКТАД).

– Речиси 300 милиони ученици во светот не одат на училиште, а Италија е последна во низата земји кои затвораат училишта со цел да го запрат ширењето на новиот коронавирус.

– На Исланд се заразени уште шест лица со што вкупниот број на заразени се зголеми на 26.

– Полска го потврди првиот случај на зараза. Се работи за маж кој допатувал од Германија.

– Во Индија се регистрирани вкупно 30 заразени лица.

– Јапонската префектура Шига соопшти за прва инфекција со новиот коронавирус, откако Меѓународниот олимписки комитет потврди дека Олимпијадата во Јапонија ќе почне според распоред во јули.

Next Post

Заложбите на СДСМ за енергетска ефикасност се реални и видливи, субвенционирани се домаќинства за ПВЦ прозори и сончеви колектори

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk