ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сведоци во „Титаник“ не знаеле дека во нивно име е уплаќано на ВМРО-ДПМНЕ

Даниела Груевска вработена во ОУ „Марко Цепенков“ во општина Зелениково, како и Наталија Гелева вработена во СВР Струмица, рекоа дека ниту тие дале, ниту пак на некому му дале 60.000 денари да уплати во нивно име на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како донација.

March 5, 2020 14:21
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Шест членови  на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година, денеска сведочеа во Кривичниот суд за предметот „Титаник“ во кој обвинети се повеќе лица за изборни нерегуларности и незаконско финансирање на предизборна кампања. Сите шестмина прашани од обвинителката Лиле Стефановска изјавија дека не знаеле дека во нивно име е уплатена сума од 60.000 денари на партијата ВМРО-ДПМНЕ како донација и дека за тоа дознале на изјавата во СЈО кога им биле посочени уплатници.

Даниела Груевска вработена во ОУ „Марко Цепенков“ во општина Зелениково, како и Наталија Гелева вработена во СВР Струмица, рекоа дека ниту тие дале, ниту пак на некому му дале 60.000 денари да уплати во нивно име на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како донација.

Сведокот Стојанчо Арсов рече дека пратеничката Бети Кузмановска го повикала и му кажала да пополни уплатница на која ќе бидат уплатени пари од членарина и дека не му потврдиле дека таа е уплатена, ниту пак му бил познат износот на уплатницата која е уплатена.

Звонко Митковски рече дека ниту дал дозвола, ниту пак некој близок негов уплатил илјада евра донација за ВМРО-ДПМНЕ и дека на увидот во СЈО забележал дека уплатницата е пополнета пола од него, а половина со друг ракопис.

Истото го наведоа и другите сведоци дека не се запознаени за уплата на таква сума, но кажаа дека донирале пари за партијата, едни од околу 300.000 денари, другиот околу 5.000 и дека тоа го  правеле на каса прими.

Судењето ќе продолжи на 11 март за кога се предложени осум сведоци.

Во „Титаник“, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Next Post

Автобусот на „Дурмо турс“ удрил со 10 пати поголема јачина од онаа што би ја поднела оградата

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk