ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер – Извештајот на Европската комисија ја демантира ВМРО-ДПМНЕ

Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со став и оценка дека поранешниот премиер Зоран Заев и неговата „криминална влада“, како што се наведува во соопштението, во изминатите три години ништо не сториле за земјата и граѓаните – оценка која очигледно е невистината.

March 5, 2020 17:18
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Анализа на Вистиномер.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ изезе со став во кој се детектира невистина:

„Зоран Заев и неговата криминална влада во изминативе три години ништо не направија. Оваа влада единствено сервираше на граѓаните лажни ветувања. Датумот за отпочнување на преговори за членство во ЕУ Македонија требаше да го добие многу порано. Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата. Граѓаните на Република Македонија од Заев добија порази и понижувања“.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Соопштение – датум: 04.03.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со став и оценка дека поранешниот премиер Зоран Заев и неговата „криминална влада“, како што се наведува во соопштението, во изминатите три години ништо не сториле за земјата и граѓаните – оценка која очигледно е невистината.

Сооштението и оценката на ВМРО- ДПМНЕ се повторува два дена по ред, по соопштението на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во исполнуувањето услови за започнување преговарачки пристапен процес кон Унијата. Токму оттука може да се тргне за да се оцени ставот/изјавата на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, Европската комисија во документот, којшто претставува ажурирање на последната оценка од 2019 година од мај, тврди дека земјата направила дополнителни реформски чекори во неколу области: реформа на јавната администрација, реформа на правосудството и справување со организираниот криминал и корупција, рефрома на безбедноните служби, итн. На овој линк може да се види накусо што содржи извештајот, а јавноста која сака да се информира изворно, може да ги види линковите тука и тука.

Имајќи предвид дека и формалното зачленување во НАТО е прашање на некоја недела, бидејќи треба да помине само во Горниот дом од шпанскиот Парламент, се добива аргумент повеќе за спротивна оценка од онаа на ВМРО-ДПМНЕ.

И трет аргумент може да бидат клучните параметри во државата – растот на БДП, намалената бројка на нвработени лица, зголемување на приходната страна на буџетот и, секако, повеќе издатоци на расходната страна во планирани инвестиции во луѓе или во капитал, порастот на минималната и просечната плата, итн.

Имајќи ги предвид овие два-три аргументи, оценките на ЕК, приемот во НАТО и базичните економски параметри се повеќе од доволно за оценката во изјавата/сооопштеие на ВМРО-ДПМНЕ да се оцени како невистина. Тоа е празно и паушално тврдење на партијата, дури и имајќи предвид дека никој, па ни ЕК, не тврди дека во земјата се случиле чуда.

Извор: Вистиномер

Next Post

Локвенец: Извршителот Мицкоски за изолација, СДСМ за интеграција

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk