ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државата нема да дозволи влез на мигранти, транзитот повеќе не е опција

Сега засега е стабилно, немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат на територијата на Република Северна Македонија, меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција, изјави Спасовски.

March 7, 2020 21:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прогласена е кризна состојба и зголемени се силите и на Армијата и на полицијата на јужната граница. Државата нема да дозволи влез на мигранти, бидејќи тоа е политика и на сите држави во целиот овој регион, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Прашан дали Владата има план во врска со мигрантите по изјавата на српскиот претседател за херметичко затворање на границата, Спасовски рече дека е очигледно оти транзитот повеќе не е опција.

– Знаете дека имаме веќе прогласено кризна состојба, дека се зголемени силите и на Армијата и на полицијата на јужната граница. На основа на сите информации коишто ги добиваме од нашите служби, од партнерските служби се следи ситуацијата. Сега засега е стабилно, немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат на територијата на Република Северна Македонија, меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција, изјави Спасовски.

Тој потсети дека досега државата имала политика во која што мигрантите само транзитираа низ нашата територија и дека имаме само два транзитни центри, како и дека државата својата политика во однос на мигрантската криза ја градела на две основи.

– Едната основа е европската политика во делот на справување со мигранти и втората, регионалната соработка, односно политика која што е заедничка на државите во регионот. Бидејќи нема справување со каков било мигрантски бран ако сите заедно не носиме заеднички ставови, одлуки и не соработуваме меѓу себе, изјави Спасовски.

Next Post

Поранешен вработен: Фамилијата Милошоски го презеде здружението на мафијашки начин и потоа незаконски избрка голем број на вработени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk