ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сопружници заболени од корона вирус во стабилна состојба, 40 лица во домашна изолација

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека лекарите ќе ја следат состојбата кај двајцата заболени, ќе се интервенира по потреба во ситуација да има влошување, а подготвени се и сите капацитети

March 8, 2020 10:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во домашна изолација и под здравствен надзор во земјава засега се наоѓаат околу 40-тина лица, поради контакти со двајцата сопружници од Општина Центар Жупа, соседна Општина на Дебар, кај кои завчера им е откриен корона вирус. Сопружниците кои биле во посета на свои блиски во Италија, втор ден се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје и се во стабилна здравствена состојба со лесна форма на болеста, но поради возраста се во ризична група.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека лекарите ќе ја следат состојбата кај двајцата заболени, ќе се интервенира по потреба во ситуација да има влошување, а подготвени се и сите капацитети.

Тој информира дека епидемиолозите нашле уште девет други лица исто во околината на нивното место на живеење кои биле во близок контакт со двајцата пациентите и на сите деветмина им е определена домашна изолација и здравствен надзор. Идентификувани биле и сите преостанати патници од вкупно 28 лица кои се превезувале со нив во автобусот, а кои се исконтактирани телефонски. Според последното соопштение од Министерството за здравство, од нив 22 се во домашна изолација и здравствен надзор, а тројца ја напуштиле земјата. За еден од патниците кој бил жител на Албанија, надлежните го известиле албанското Министерство за здравство за неговиот идентитет.

Возачот на автобусот, пак, со кој пристигнале двајцата сопружници на 27 февруари, во меѓувреме повторно заминал на тура за Италија, која се смета за жариште на визрусот во Европа. Вчера попладне откако пристигнал во земјава на граничниот премин Табановце нему му бил направен тест кој се покажал негативен на корона вирус.

Автобусот кој тој го возел заедно со новата тура патници кои ги превезувал од Италија бил тргнат на страна, а до добивањето на резултатите од тестот, возачот и патниците биле во неколкучасовна изолација во објект на Царинската управа на граничниот премин. По добивањето на резултатот нему од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била одредена домашна изолација.

-До истекот на 14-иот ден од периодот на инкубација, пресметано од последниот ден на контакт со заболените (27 февруари), шоферот, со решение на ДСЗИ, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолозите, наведуваат од Министерството за здравство.

Патниците, пак, кои вчера пристигнале со него, по прегледот од епидемиолозите на граничниот премин при кој кај ниту еден не е индицирана болест, се пуштени дома. Тие немале контакт со позитивен пациент, но дадени им се препораки, доколку почувствуваат некои симптоми, да не одат по здравствени институции, туку веднаш да се јават во центрите за јавно здравје.

Сите лица кои добиле решение на ДСЗИ за здравствен надзор со полициска придружба остануваат во домашна изолација, во случај на непостапување по решението следат правни консеквенци, предупредуваат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, Филипче информира дека е целосно подготвен и објектот за изолација во Демир Капија, како дополнителен капацитет на инфективните одделенија во Штип, Велес и во Гостивар. Подвлече дека останува апелот на граничните премини сите да кажуваат вистинити податоци дали биле во контакт со заболени и дали имаат симптоми, поради порастот на бројот на случаи на заболени од корона вирусот низ Европа. Тој ги повтори и препораките за патниците кои се вратиле од странство да не се јавуваат на матичен лекар, доколку развијат симптоми.

– Тоа е нешто на што апелираме од почетокот на епидемијата. Ќе добијат здравствена услуга, земање на брис во домашни услови и тоа е целта на сите мерки. Во постојана комуникација сме и со претставници на СЗО, во моментот нема други препораки, рече тој.

За сите граѓани остануваат препораките  дистрибуираме во медиумите за спроведување на личната хигиена, често миење раце.

Првата пациентка кај која беше утврден корона вирусот, а која е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, се наоѓа во стабилна состојба. Тестот кој и бил направен завчера бил негативен на корона вирус, но согласно процедурата, истиот треба да биде повторен по 48 часа.

Next Post

Мајсторовиќ: Ги исполнивте сите услови, би било чудно да не добиете датум во првата половина од годинава

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk