ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Награда за „Врба“ на Манчевски во Порто

Ова е третпат како Манчевски е лауреат на Фантаспорто: во 2016 година доби Награда за кариера при што имаше и ретроспектива на неговите филмови, а во 2017 „Бикини Мун“ ја освои специјалната награда на жирито во истата програма Недела на режисерите.

March 9, 2020 10:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја освои наградата најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, еден од 20-те водечки во светот.

Наградата е именувана „Мануел де Оливеира“, по легендарниот португалски режисер.

Во соопштението до медиумите наведуваат дека примајќи ја наградата на сцената во Порто, Манчевски ја посвети на извршниот продуцент на „Врба“ Ник Пауел, британската продуцентска легенда, кој почина лани во ноември, една недела по светската премиера на филмот.

„Убава награда во убав град. Мило ми е што „Врба“ го наоѓа патот до срцето на гледачите во повеќе земји, изјави Манчевски за наградата.

Ова е третпат како Манчевски е лауреат на Фантаспорто: во 2016 година доби Награда за кариера при што имаше и ретроспектива на неговите филмови, а во 2017 „Бикини Мун“ ја освои специјалната награда на жирито во истата програма Недела на режисерите.

Минатата недела „Врба“ беше прикажан во главната конкуренција за награди на ФЕСТ во Белград, проследено со огромен интерес кај публиката. Со долготраен аплауз и стоечки овации заврши проекцијата на филмот на која присуствуваа режисерот Милчо Манчевски и главните актери Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески и Камка Тоциноски.

Од мај, „Врба“ ќе игра на редовниот кинорепертоар во Србија.

„Врба“  по Фантаспорто овој месец ќе ја има и американската премиера, во селекцијата за награди на фестивалот Синеквест во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија (3-15 март) еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД, по што следуваат фестивалите во Софија и Истанбул.

Минатиот месец „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.

Next Post

ИПАРД караванот утре во Могила и Кривогаштани, задутре во Демир Капија и Валандово

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk