ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЛК може да ја опомене, но не и да и ја одземе лиценцата на директорката

Во Законот за здравствена заштита не е предвидено дека некој доктор свесно ќе го загрози здравјето на другите, затоа постои Кривичен закон, затоа постојат институции кои ќе се погрижат за тоа. Наше е пред се апелираме до колегите да се придружуваат на препораките на Светската здравствена организација, рече Гривчева Старделова

March 10, 2020 11:48
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со случајот со директорката на Клиниката за кожни болести заболена од коронавирус која не ги почитувала препораките на здравствените власти да се јави на преглед по доаѓањето од Италија, Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора утре ќе одржи состанок и ќе донесе одлука во смисла на опомена за која ќе знаат нејзините членови и тој што ја добил, јавна опомена за која ќе биде јавноста информирана, одземање привремено или трајно на лиценца. Во моментов не може да се одземе лиценца, но постојат други судски инстанци. Имаме законски и подзаконски акти според кои мора да делуваме, истакна на прес-конференција претседателот на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

Лекарската комора преку своите органи, посочи таа, ќе постапи во согласност со важечките законски прописи, имаме Закон за здравствена заштита, Закон за правата на пациентите, Статут, подзаконските акти и веднаш откако ќе имаме одлука јавноста ќе биде информирана.

– Во Законот за здравствена заштита не е предвидено дека некој доктор свесно ќе го загрози здравјето на другите, затоа постои Кривичен закон, затоа постојат институции кои ќе се погрижат за тоа. Наше е пред се апелираме до колегите да се придружуваат на препораките на Светската здравствена организација, рече Гривчева Старделова.

Комората, додаде таа, бара докторите на медицина и другите здравствени работници да ги почитуваат препораките од Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот и упатствата во целина.

Заменик-претседателот на Лекарската комора, Елбер Бесими рече дека доколку судските власти донесат соодветна пресуда тогаш Лекарската комора е должна да постапи според одлуките на судот.

– Комората на својата веб-страница  и фејсбук страната ги објави препораките од СЗО за заштита на граѓаните од коронавирусот и Упатството за поставување на здравствените работници за заштита и во случај за сомневање на коронавирус. Лекарска комора апелира уште еднаш до докторите на медицина и до сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија, одговорно и разумно, како и во целост да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки со цел да се заштити здравјето на граѓаните, како и нивното здравје, додаде Гривчева Старделова.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека специјалисти по дермовенеторологија има во ГОБ „8 Септември“, „Аџибадем Систина“, „Ремедика“, во клиничките болници во Битола, Штип и Тетово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Првпат избрана жена за претседател на азербејџанскиот Парламент

НАЈНОВО

Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Техеран ги укина сите ограничувања: Истече меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран

October 18, 2025
Фото: МИА

Денеска гласаат 2.162 затвореници, 8.851 болни и немоќни и 442 возрасни лицата во старските домови

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk