Словенечките здравствени власти потврдија дека се потврдени уште четири нови случаеви на лица заразени со новиот корона вирус.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие нови вкупниот број на заразени лица сега изнесува 34. Последните два случаи се потврдени во Марибор, соопштија здравствените власти.
По синоќешната одлука на Владата за затворање на границата, денеска од Италија во Словенија можат да влезат само оние кои имаат лекарската потврда дека не се заразени со новиот корона вирус.
Инаку, првиот случај на корона вирус во Словенија беше потврден на 4 март, а за помалку од една недела бројот стигна до 34 заразени лица.