Град Скопје на интересен начин придонесува во заштитата од корона вирус. На електронските инфо табли Welcome to Skopje за безбедно возење и превенција од Ковид 19, Град Скопје испиша „Гушни го појасот, не соговорникот“ # КоронаВирус.
Идејата на пораката е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од корона вирусот, но и за важноста од ефикасната заштита.
Истата порака ја има и на албански јазик. „Përqafo ripin, jo bashkëbiseduesin. #KoronaVirus“
Во истовреме, се укажува и на обврската за ставање сигурносен појас додека граѓаните се во своето возило, за да се зголеми нивната безбедност кога се вклучуваат во сообраќајот.
 
			

 




 
 
