Прославениот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита објавија дека имаат коронавирус. Тие велат дека побарале медицинска помош откако почувствувале симптоми на треска во австралиската сојузна држава Квинсленд, пишува СДК.
„Сега сме во изолација“, напиша 63-годишниот оскаровец на Инстаграм.
Хенкс и Вилсон престојуваа во Австралија, каде што тој работеше на нов филм за животот на Елвис Присли.
„Во еден момент почнавме да се чувствуваме уморно, како да имаме треска и малку нѐ болеше телото. За да постапиме како што треба, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни“, изјави Хенкс, додавајќи дека ќе продолжат да го информираат светот за развојот на нивната состојба.