Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами денеска по лидерската средба во Владата изјави дека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата за справување со корона вирусот.
Тој во изјава за медиумите изрази надеж дека нема да има ситуација која ќе наложи да се одложат предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.
Ќе ги искористиме сите други можности за комуникација со гласачите за да им ги пренесеме нашите пораки и идеи. Во овој период нема потреба за поголема паника кај граѓаните, ситуацијата е под контрола, изјави Касами.