Главниот експерт за заразни болести во САД, Ентони Фаучи не ја исклучува можност за целосен карантин на неговата земја, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
– Би сакал да видам големо намалување на собирите во јавноста, кои и понатаму се случуваат во рестораните и клубовите. Би сакал да направиме се што е потребно да се преземе за тоа да се случи, истакна Фаучи утрово во интервју за Си Ен Ен. Тој е инаку директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.
Бројот на заразени со корона вирус во САД изнесува над 3.000, а починати се 60 лица.
Во светот досега починати се над 6.000 луѓе, а 5.662 се наоѓаат во критична состојба.