ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто студентските протести во Србија предизвикуваат нервоза кај нашите провладини медиуми и инфлуенсери?

December 24, 2024 09:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Порака до српските студенти и средношколци: Браво дечки! Порака до нивните родители: Kапа долу, сте воспитале граѓани по душа и патриоти по суштина!

Слободарските граѓани во Северна Македонија ги разбираат причините за вашите протести и ве поддржуваат во остварувањето на вашите легитимни и темелни барања: Одговорност за жртвите во новосадската трагедија низ правна постапка.

Затоа што на тој начин спречувате нови жртви на импровизација заради политички поени. Затоа што сакате вредностите кои ги стекнувате дома и на школо да не бидат погазени со партиска одлука. Затоа што излегувате од зоната на комфорот што ви ја нудат со буџетски субвенции – од ваши и пари на вашите родители.

Ќе ги разберете, затоа и петте причини за нервозата што ја предизвикавте со вашите протести и кај провладините медиуми и провладините „инфлуенсери“ во Северна Македонија:

  1. Вашите протести се изворни. А толку би сакале да ги наречат „само уште еден антивладин протест во Србија“.
  2. Вие давате отпор кон нефункционалноста на системот нагазен од политичка корупција, која живее низ нестручност и партиско договарање „под житото“.
  3. Со тоа што не дозволивте партиска контаминација на вашите граѓански, морални и општествени вредности – им одржувате лекција и на возрасните и на политичарите – во Србија, но и во регионот;
  4. Барајќи владеење на правото се спротивставивте на неправдата – и ги придобивате сите кои ја имаат истата цел од партиите, академиите, образованието, уметниците, спортистите…
  5. Вие само ја барате вашата сегашност и иднина во уредена држава. Ништо повеќе и ништо помалку.

Едноставно, ги распаметивте оние кои сакаат се да се одвива „како и до сега“.

И тука во Северна Македонија се плашат од симпатиите за вас од истата причина – затоа што свесните граѓани го бараат владеењето на правото, а владеењето на правото ги ништи корупцијата, нискиот стандард на живеење и авторитаризмот.

Затоа што не барате замена, туку промена.

Поддршката што ја добивте од вашите колеги во скопскиот Универзитет кај нас медиумите ја премолчаа.

Нивната поддршка, како и поддршката од секој од нас граѓани на Северна Македонија определени за демократија – не зависи од медиумите блиски до партијата и олигархијата.

Затоа, знајте, ве разбираме и – поддржуваме. Вас, студентите и средношколците, вашите родители и оние што ви се придружуваат без калкулации за дневен профит.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.
Tags: Ивон величковскиСрбијастудентски протести
Next Post
фото: МИА

Најмалку 12 загинати во експлозија во фабрика во Турција

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk