ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Најмалку 12 загинати во експлозија во фабрика во Турција

December 24, 2024 09:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 12 лица загинаа откако избувна пожар по експлозија во фабрика за производство на експлозиви во Турција.

Службите за итни случаи се на самото место во фабриката за експлозиви во областа Кареши во Баликесир. Според достапните информации, експлозијата се случила во фабриката за производство на муниција ЗСР, а од експлозијата зградата се урнала.

Во моментов на терен се пожарникари и други специјализирани екипи кои се обидуваат да утврдат дали во зградата се уште има луѓе кои не се евидентирани.

Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, на местото на настанот потврди дека како последица на инцидентот има загинати и повредени. Отфрлајќи ја можноста за саботажа, Устаоглу рече дека напорите продолжуваат да се утврди колку луѓе имало во објектот. Тој им рече на новинарите: Првичните истраги сугерираат дека се работи за трагична несреќа.

Устаоглу изјави дека експлозијата се случила во одделот за производство на капсули во фабриката околу 8:25 часот утринава, по локално време.

– Експлозијата се случи во фабриката за производство на експлозиви ЗСР. Откако се случи експлозијата во одделот на фабриката каде што се произведуваат детонатори, зградата се урна. Сите наши екипи моментално се тука, додаде Устаоглу.

Се уште не е познато што точно ја предизвикало експлозијата, но според извештаите, пожарот сега е ставен под контрола. Според достапните информации, најмалку 12 лица загинале, додека три лица се повредени, иако се уште не се знае колку се сериозни нивните повреди. Фабриката, која беше отворена во 2014 година, е специјализирана за производство на муниција за лесно оружје.

Tags: експлозијаТурцијаФабрика
Next Post
Фото: X

Во Бразил две лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати по уривање на мост

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk