Состојбата со корона вирусот е удар врз економијата и врз целиот јавен живот, а справувањето со оваа криза во светот има сериозно влијание врз економијата, истакна во онлајн интервјуто премиерот на државата и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, и нагласи дека здравјето животот на граѓаните нема алтернатива.
Паралелно со грижата за здравјето на граѓаните работиме на тоа да заздрави економијата и правиме напори за воведување мерки за економијата да може да живее. За таа цел направивме средби со стопански комори, со гувернерот на Народната банка за да ги видиме сите информации околу фискалните импликации, истакна Спасовски
Конкретно, економскиот тим на владата од утре ќе почне со мерки за македонската економија, како и директна помош на економијата, особено за оние сектори кои се најпогодени, рече Спасовски.
Тој додаде дека некои мерки се навистина многу радикални, но подобро е да се превенира и состојбата да трае покус период, што е подобро и за граѓаните и за економијата.