ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

21: Безусловно отворање преговори, најдобро имплементирани мерки против Ковид 19, има залихи на основни производи

Вести во последните три часа (18-21 часот)

March 16, 2020 21:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

– Холандската влада поддржува отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, но прави јасна разлика меѓу двете држави. Според писмото на шефот на дипломатијата, Стеф Блок, упатено до холандскиот парламент, владата во Хаг е за носење одлука за старт на преговори со земјава, додека за Албанија би поддржале одлука за отворање преговори, но и серија услови за закажување на првата меѓувладина конференција, објави 360 степени.

Владата на премиерот Марк Руте поддржува отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, но притоа прави разлика меѓу двете држави. Во обид да го придобие на своја страна парламентот скептичен за почеток на преговори со Албанија, холандската влада нуди формула што веќе се споменуваше како потенцијален компромис за и двете држави да добијат зелено светло уште овој месец.

-Заклучокот е дека нема потреба од избрзување со декларирање како на пример вонредна или кризна состојба, зошто во овој момент, според сите проценки, опасност да се случи такво нешто не постои“, посочи Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност. Претседателот апелираше граѓаните без потреба да не патуваат во земјите кои се од висок и среден ризик, како и оние кои работат надвор од државата без голема потреба да не се враќаат во земјава, поради моменталната ситуација.

-Пендаровски не гледа проблем да бидат одложени изборите бидејќи и во 2015 година два пати ги одложувавме изборите, а Собранието се врати во заседание за да изгласа нов датум за одржување на изборите. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ја откажа својата мисија и за два до три дена и физички се повлекува од државата“, рече претседателот Стево Пендаровски на крајот на прес конференцијата во Вила Водно, по состанокот на Советот за безбедност.

-Пендаровски: СЗО потврди, ние сме државата која најдобро ги имплементира мерките за заштита од корона вирусот.

„Заклучокот на Советот на безбедност е дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна и адекватна на ризиците на ризиците на кои сме изложени, за што впрочем зборуваат проценките и коментарите на СЗО, кои тврдат дека ние сме државата од поширокиот регион која најдобро и најдоследно ги имплементира мерките кои се наложени од нив“, додаде претседателот Пендаровски.

-Согласно активностите на МВР, остануваме отворени за извршување на секојдневните задачи. Исто така сите граѓаните кои ќе влезат на нашата територија на граничните премини, ќе добијат наредба и изјава дека самоволно заминуваат во самоизолација независно од која земја доаѓаат. Ова е строга мерка, но единствен начин на кој полицијата ќе има можност да ја искористи ситуацијата на терен, изјави Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи, во вечерашното издание на Топ тема на Телма.

-Нема место за паника, има доволно залихи, особено за основните производи. Ги следиме трендовите и на увоз и на извоз на соодветните продукти и навремено ќе известиме за секакви мерки што ќе ги преземе Владата по првично направени детални анализи. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши по вонредната контолата на маркетот на КАМ во ГТЦ во Скопје.

(Пресек на актуелни вести од 18 до 21 часот)

Next Post

Филипче: Седум новозаболени од корона вирус, се затвораат границите и аеродромот за цивили

НАЈНОВО

Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk