ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Холандија: Безусловно отворање преговори со Северна Македонија, условено со Албанија

Наместо усна дебата утревечер, поради корона вирусот, комисијата за европски прашања во холандскиот парламент в среда ќе има писмена размена на мислења за писмото од владата.

March 16, 2020 19:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Холандската влада поддржува отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, но прави јасна разлика меѓу двете држави. Според писмото на шефот на дипломатијата, Стеф Блок, упатено до холандскиот парламент, владата во Хаг е за носење одлука за старт на преговори со земјава, додека за Албанија би поддржале одлука за отворање преговори, но и серија услови за закажување на првата меѓувладина конференција, објави 360 степени.

Наместо усна дебата утревечер, поради корона вирусот, комисијата за европски прашања во холандскиот парламент в среда ќе има писмена размена на мислења за писмото од владата.

Владата на премиерот Марк Руте поддржува отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, но притоа прави разлика меѓу двете држави. Во обид да го придобие на своја страна парламентот скептичен за почеток на преговори со Албанија, холандската влада нуди формула што веќе се споменуваше како потенцијален компромис за и двете држави да добијат зелено светло уште овој месец.

За земјава нема никакви услови за формален и суштински почеток на преговорите додека за Албанија принципиелниот став е – да за преговори, но и серија услови за закажување на првата меѓувладина конференција. Ставовите на Владата во Хаг се содржани во писмото што министерот за надворешни работи, Стеф Блок, го упатил до холандските пратеници во петокот на 13 март.

„Холандската влада ги споделува наодите на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија продолжи да испорачува опипливи и одржливи резултати во однос на условите поставени од Советот на ЕУ во јуни 2018 година. Затоа, Владата смета дека пристапните преговори со Северна Македонија треба да почнат“, пишува Блок во писмото до пратениците.

Во позитивен тон е напишан и објаснувачкиот дел за Северна Македонија, а не само заклучокот во писмото на Блок до пратениците во Хаг.

За Албанија, холандската влада оценува дека има напредок во однос на условите од јуни 2018 година, пред се, во делот на судството и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Хаг сака да види дополнителен напред во процесот на ветинг на судиите и обвинителите и воспоставувањето независни судски институции, како што е предвидено со уставните реформи. Исто така, се очекуваат конкретни резултати во истраги, обвиненија и пресуди во предмети поврзани со организиран криминал и корупција, вклучувајќи и случаи на високо ниво.

Дебатите на ниво на амбасадори во ЕУ треба да започнат неделава во Брисел во пресрет на Советот за општи работи на 24 март и Европскиот совет на 26 и 27 март.

 

Next Post

Пендаровски: СЗО потврди, ние сме државата која најдобро ги имплементира мерките за заштита од корона вирусот

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk