Заев на новинарското прашање за тоа дека од нашиот регион повеќето земји прогласија вонредна состојба, и тоа дали смета дека и кај нас е неопходно ваква состојба да се прогласи, рече дека остава на Владата да ги оценува ваквите работи и додаде дека сите мерки кои што се преземени кај нас дури и предничат од оние земји каде што има прогласено вонредна состојба, но вонредната состојба некој пат се прогласува и заради алатка за менаџирање на ситуациите. Пред сé мислам на здравствените аспекти, рече Заев и појасни дека верува дека Владата ќе ги има предвид сите тие аспекти.
„Јас работам и координирам со нашите политички претставници во Владата. Денеска имаме координативен состанок, вечерта имаме уште една координација. Овој целиот период помагам ресурсно и јас со многу експерти околу економските мерки, како што реков.
Верувам дека потпретседателката на Владата, министерката за финансии, министерот за економија, гувернерката, сите заедно во многу брзо време ќе ги објават самите мерки. Се прават конечни анализи, но не случајно земјите околу нас прогласија вонредна состојба, и Албанија и Косово и Србија и Грција. Гледам веројатно и ние ќе се движиме кон тоа, како посериозна алатка за полесно и поуспешно менаџирање на ваква криза предизвикана од корона вирусот.“, одговори Заев





