ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025 18:27
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

По укинувањето на американските санкции за Милорад Додик на 30 октомври, сенаторот Чак Грасли порача дека САД ќе ја следат секоја можност за дестабилизација во БиХ и ќе инсистираат на почитување на Дејтон.

Американскиот сенатор Чак Грасли, во обраќање во Сенатот, ја поздрави одлуката за укинување на санкциите како признание за одредени чекори на деескалација од страна на Додик, но нагласи дека принципите на САД остануваат непроменети: стабилност, мир и почитување на Дејтон. „Јас сум за наградување на вакво добро однесување“, рече Грасли, додавајќи дека има „многу добри причини да веруваме дека господин Додик не ги сменил своите намери“, објави Klix.ba.

Грасли потсети на претходните закани со отцепување и речникот што го релативизира постоењето на БиХ, предупредувајќи на контакти и симболика што будат загриженост на Запад. Како пример, тој го спомна фотографирањето со Сергеј Лавров.

„САД внимателно ќе следат дали навистина ќе се држи до вистинскиот пат“, нагласи Грасли.

Сенаторот порача и дека лично ќе реагира доколку види ризик за мирот: „Овој сенатор будно ќе мотри на секоја дестабилизирачка акција што го загрозува мирот во Босна.“ Тој додаде: „Ќе работам со администрацијата на претседателот Трамп за да се осигураме дека сите актери го почитуваат Дејтонскиот мировен договор.“

Хронологија на падот на Додик

По барањето на Обвинителството на БиХ во февруари 2025 за затворска казна и десетгодишна забрана за политичка дејност за Милорад Додик, случајот влезе во забрзана фаза, при што неколку дена подоцна Судот му ја испрати писмената пресуда и рок за жалба. Во август, ЦИК БиХ едногласно му го одзеде мандатот по правосилната пресуда, што отвори бран од политички реакции и европски апели — Европската комисија јавно повика на почитување на судската одлука и спроведување предвремени избори согласно Изборниот закон.

Паралелно, есента ја одбележаа дипломатски тензии и безбедносни предупредувања, вклучително најави за руска поддршка и повици НАТО да предупреди дека секоја закана за сецесија е опасна, а темата влезе и во фокус на Советот за безбедност на ОН, со очекувања за расправа за мандатот на ЕУФОР.На 29/30 октомври уследи пресврт: OFAC ги укина американските санкции за Додик (заедно со повеќе лица/субјекти), што дополнително ги разгори расправите за стабилноста во БиХ и регионалните импликации. Ден потоа, во контекст на седницата на СБ на ОН за БиХ, ЦИВИЛМедиа нотира дека Додик очекува поддршка од Русија — сигнал дека меѓународниот и безбедносен аспект останува суштински фактор во следните чекори.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

(ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk