“THREE” Bar&Kitchen, како реакција на текстот објавен на вашиот портал „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита на корона вирусот“, до Вашата реакција го испраќа следниот:
ДЕМАНТ
„Three“ Bar &Kitchen категорично ја отфрла содржината во насловот и текстот на прилогот „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита на корона вирусот“, објавен на 17.03.2020г на порталот frontline.mk.
Во прилогот се изведува заклучок дека Христијан Мицковски не ги почитувал мерките и препораките на Владата за спречување на коронавирусот, поточно дека присуствувал на групен собир или прослава додека мерките и забраните на Владата се на сила.
Како извор е наведена фотографија на која можат да се забележат Васко Наумовски, Симона Лескаровска и Христијан Мицковски и која во текот на вчерашниот ден била споделена на социјалните мрежи. Иако во Вашиот прилог тоа не е наведено, може да се забележи дека фотографијата е направена во локалот „Three“ Bar &Kitchen.
Ве известуваме дека „Three“ Bar&Kitchen целосно ги почитува мерките на Владата на Република Северна Македонија за справување со коронавирусот, вклучително и оние кои се однесуваат на скратено работно време, односно на подоцнежната забрана за работење на угостителските објекти. Согласно тоа, локалот не работи од 14.03.2020г, еден ден пред стапувањето на сила на Забраната за работење на угостителските објекти на Владата. Фотографијата која Вашиот портал ја сподели е направена во локалот “THREE” Bar &Kitchen уште минатата година, а сега била споделена на социјалните мрежи со намера за честитање на роденден, а не покажување присуство на забава која воопшто не се случила.
„Three“ Bar &Kitchen бара јавно извинување за објавениот прилог во истиот формат во кој е објавен прилогот.
Однапред Ви благодариме,
„Three“ Bar&Kitchen