Уште едно лице во Грција го загуби животот од Ковид-19, што воедно е и петтата жртва на корона вирусот во таа држава.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 387, според она што попладневно го соопшти претставникот за корона вирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.