Во Србија денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 72 потврдени случаи на заразени со корона вирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс“.
Од последниот извештај до денеска во 18 часот, тестирани се примероци на 39 лица, од кои седум се позитивни и 32 се негативни за новиот корона вирус.
Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека четири лица се задржани во болница, без компликации и со стабилна општа состојба.
До 18 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак во Белград, вкупно се тестирани 374 лица.