Досега се затворени 17 угостителски објекти за непочитување на препораката на Владата за забрана за работа како превенција од корона вирусот, во аптеките е забележано покачување на цените на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, но тоа е поради зголемената увозна цена, а донесени се 12 укажувања на работодавачи за непочитување на препораката за платено отустсво на родители со дете до 10 години, покажуваат надзорите на надлежните инспекторати.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 14 и 15 месецов спровел контрола кај 47 субјекти, од кои 29 без наод и 18 со забелешки. Инспекцијата извршила надзор и во дополнителни 27 објекти под нејзина надлежност како што се игротеки, фитнес сали, базени и слично, и сите овие субјекти ја почитувале забраната за работење, и се затекнати затворени, истакна на денешната прес-конференција Магдалена Филипоска Грашкоска, претседателка на инспекцискиот совет.
Државниот инспекторат за труд во тие два дена спровел 264 контроли во поглед на платено отсуство на родител на дете до десетгодишна возраст, самохран родител бремени жени и хронични болни, при што се донесени 12 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата.
Како што појасни, извршена е контрола врз 35 деловни субјекти кои вршат јавен превоз, од кои за 18 субјекти кои немале уреден статус се задолжени за спроведување на мерките односно спроведување на дезинфекции.
-Државниот санитарен и здравствен инспекторат дава предлози за преземање да дополнителни мерки, а тоа се следните: на Меѓународниот аеродром Скопје да се воведе задолжителна дезинфекција на авионите кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик и во средствата за јавен превоз како што се автобуси и комбиња да се обезбедат постери со препораки од Институтот за јавно здравје за однесување на патниците во јавниот превоз, влезот на патниците во јавниот превоз, дезинфекцијата и задолжителното проветрување, додаде Филиповска Грашкоска.
Агенцијата за лекови и медицински средтсва во овие два дена, какоа што рече Грашкоска, има извршено четири вонредни инспекциски контроли при што е констатирано зголемување на цените во аптеките, меѓутоа во сите случаи како последица на зголемувањето било на набавната цена.
- Во овој момент во сите приватни здравствени институции односно аптеки и веледрогерии се проверува залихата на маски, ракавици и средствата за дезинфекција и влезните и излезните цени. Забележан е тренд на покачување на овие производи, но тоа не е последица на неодговорното однесување на нашите граѓани, туку е последица на сите економски фактори што влијаат бидејќи немаме наш производител на маски што би ги покрил потребите на пациентите и на здравствените работници. Многу сме зависни од тоа со која количина и со каква цена ги увезуваме. Увозната цена е покачена. Тие што не опслужуват работат со минимални маржи, а некаде и со загуби, рече директорката на Агенцијата за лекови Висаре Риза.
Филиповска Грашкоска потсети дека Владата забрани покачување на основните продукти и тоа, леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно,месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства, со состојба на денот на прогласување на пандемијата од СЗО освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури. Како што порача, следуваат високи казни за сите тие што ќе се обидат да им наштетат на граѓаните вклучувајќи и кривични пријави.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат на 14 и 15 март е извршена инспекција во 80 маркети и аптеки, каде што е констатирано дека нема покачување на цените, а во однос на спроведување на владините мерки за заштита од корона вирусот се реализирани над 3.000 надзори од овој инспекторат. Најголем дел од објектите ги почитувале владините одлуки со исклучок на три угостителски објекти и тоа два во Скопје и еден во Битола, кои беа затворени од страна на оваа инспекциска служба. По седум објекти се затворени вчера и денеска информираше директорот на ДПИ Стојко Пауновски.
Инспекторите, истакна, се на терен и дење и ноќе за да контролираат дали се почитуваат препораките на Владата, а тие што нема да ги почитуваат ќе бидат санкционирани.
-Од аспект на ДПИ од денеска веќе постапуваме, затвораме објекти каде имаме непочитување на одлуките на Владата. Во претходниот иивештај за 14 и 15 имавме три затворања, вчера седум, а денес уште седум само до сега, што значи дека инспекторите се на терен и дење и навечер до 24 часот, а има и дежурни екипи што седат затоа што имаме дојави од граѓани дека некои успеваат да работат и ноќе. Тоа што го правиме е кривични пријавиме, после тоа што следи соглансо со одлуката се че си тече. Оние што не почитуваат ги затвораме, има луѓе што почитуваат благодарни сме им, но секогаш и некои што не почитуваат, за тие постапуваме согласно со одлуката на Владата и казните согасно со одлуката член 205 и 206, рече Пауновски, одговарајќи на новинарско прашање.
При инспекциите на Државниот инспекторат за транспорт, пак, е констатирано дека меѓуопштинскиот превоз на патници е редуциран за 60 до 70 отсто на цела територија на државата, а меѓународен линиски превоз е целосно прекинат односно целосно се почитуваат препораките.
Како што додаде Грашкоска, нема постојан престој на граѓани на граничните премини, а голем дел од патувањата се откажуваат што укажува на поголема свест кај патниците.