Веднаш по завршувањето на прес-конференцијата, Талат Џафери го добил писмото од Владата за прогласување на вонредната состојба.
Но, како што тој и самиот извести дека нема да го свика Собранието, од неговиот Kабинет потврдуваат дека писмото ќе се препрати кај претседателот на државата Стево Пендаровски за тој да се изјасни за предлогот на Владата. Џафери на прес-конференцијата образложи дека распуштено Собрание не може да се собере пак без да се прогласи вонредна состојба, а тоа според него треба да го прогласи Претседателот на државата.
А. Зеќири