ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кривични пријави во неколку градови во државата за непочитување на мерките од Владата

Првиот пријавен се вратил од Словенија пред 2 дена, на влез во државата потпишал дека ќе се самоизолира и не ја почитувал согласноста. Останатите двајца пријавени се од Валандово, неодамна вратени од Германија и, исто така, не се придржувале кон мерките.

March 18, 2020 14:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З. (53) од кичевското село Пласница.

Како што соопшти МВР, тој утрово во 08.45 часот е забележан како управува патничко возило „фиат пунто“, со кичевски регистарски ознаки, на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, по што полициски службеници го сопреле возилото.

Притоа е утврдено дека М.З. на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом, во с.Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија доставил предлог за издавање казнен налог против две лица за сторено кривично дело непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Во предлогот Обвинителството бара лицата да се огласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000,00 денари за двете лица.

Обвинетите на 13-ти овој месец со авионски лет допатувале од Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус. Во критичниот период од 14 до 17 март контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар, велат од Обвинителството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk