ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Наплив на дезинформации за Ковид-19 „испорачани“ од Русија

Дезинформациите се во различни форми – од пишување на про-кремљовски онлајн медиум дека новиот корона вирус е помалку опасен од сезонскиот грип.

March 18, 2020 20:31
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На прв поглед се забележува дека напорите за ширење дезинформации за новиот корона вирус Ковид-19, кои ги има во изобилство, се во насока на потпомагање на руските интереси, пишува euvsdisinfo.eu, проект на ЕУ за предвидување и сузбивање на дезинформациските кампањи што доаѓаат од Русија.

Дезинформациите се во различни форми – од пишување на про-кремљовски онлајн медиум дека новиот корона вирус е помалку опасен од сезонскиот грип.

„Откако паниката ќе стивне, големиот удар од COVID-19 ќе донесе многу помалку смртни случаи отколку сезонскиот грип. Но прстот на грубите обвинувања и понатаму ќе биде вперен, а впечатоците заматени од расните разлики и различното однесување ќе виреат, додека загубите, дали во поглед на личните слобод или финансиите, ќе бидат огромни“, пишува овој медиум.

Во сосема друг случај на дезинформативни напори на медиуми ориентирани кон интересите на официјална Москва, пак, читаме дека корона вирусот ќе стави крај на цивилизацијата што ја познаваме.

„Па, што би требало да биде следниот логичен чекор по триумфалниот марш на корона вирусот по планетата? Во најдобар случај, појава на неколку релативно затворени светски зовни – цивилизации, огромни простори, или во најлош случај светови на „Лудиот Макс“ и „Притаено зло“.

Се разбира, има и дезинформации дека Ковид-19 е моќно биолошко оружје користено од САД, Велика Британија, или дури и од опозицијата во Белорусија. Исто така, се протнуваат и варијанти дека големите фармацевтски гиганти ја „надувуваат“ епидемијата за да предизвикаат страв и да ги зголемат продажбите, а често се појавуваат и „вести“ дека заболени од новиот корона вирус се и филмската ѕвезда Џеки Чен и папата Франциск. Не недостигаат ни „предвидувања“ од Баба Ванга и од Нострадамус.

Но што е ползата од сето тоа за официјална Москва? Сервисот euvsdisinfo.eu вели дека целта на дезинформациите од про-Кремљовските медиуми и други платформи не е „протуркување некаква идеја“, туку просто збунување на читателите.

Додека новинарите од респектабилните медиуми макотрпно ги проверуваат и препроверуваат своите извори и податоци, изворите на дезинформации шират ,алтернативни факти`. Информативниот простор е окупиран од лаги, а облакот на лажни вести ги сокрива фактите. Тоа е окупација на „празниот простор“, пишува сервисот.

Исто така,во прашање е смислен план за посејување раздори, се вели во статијата.

Битната задача на секој вид порака, емитувана содржина за меѓународната публика од медиумите ориентирани кон Кремљ, е да се посее разгор. Дезинформациските извори ориентирани кон Кремљ својата публика ја изложуваат на десетици различни изјави, верзии, објаснувања, „протечени информации“, „сензационални сознанија“, теории на заговор. Целта на сите нив е да се намали довербата во напорите на здравствените власти, на властите, на националните и меѓународните институции. Сеење паника и недоверба, создавање слика за ,неизбежен колапс`, сугерирање распад на институциите“, пишува euvsdisinfo.eu.

извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk