Во Србија, покрај вонредната состојба, денес во сите градови од 10 часот стапи на сила мерката за забрана на движење на сите постари лица од 65 години, и 70 години во руралните области, согласно синоќешните нови мерка на Владата во справувањето со пандемијата со корона вирус, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Србија утринава евидентирани се вкупно 83 лица заразени со корона вирусот, што е за 11 лица повеќе од вчера, соопштија од министерството за здравство.
Веќе два дена на сила е вонредна состојба, затворени се границите за влез на странски државјани, поголемиот дел на вработените работат од дома, војската е распоредена на граничните премини, болниците, мигранските центри, а на улиците е зголемено присуството на полицијата.