Џафери: Собранието е самораспуштено и не може да се свикува, не смееме да правиме преседан.
Филипче: Вкупно 48 заразени од Ковид 19, се чекаат резултати од 35 теста.
Филипче: Од следната недела пунктови за тестирање во Скопје.
Во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со корона ако имаат потреба од други интервенции. Сите пациенти со коронавирус во земјава, вкупно 48, се во стабилна состојба. И пациентката што е на машина нема знаци на влошување. Денеска е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Со експериментален лек излекуван маж во Италија заразен со корона вирус. Како што изјави првиот главен лекар во клиниката Матеро Бесети, се работи за антивирусно средство со широк спектар на дејство, а лекот кој е првично направен за да се третира ебола, го разви американската компанија „Џилид Сајанс”.
– Го имаме првиот случај на лице кое оздраве со помош на овој лек. Двете анализи покажа дека тој сега е негативн на вирусот и веќе е пуштен дома, изјави Бесети, кој додаде дека тоа за нив било момент за воодушевување и дека со истиот лек сега ќе се обидат да им помогнат и на другите пациенти.
Кремљ напаѓа! Дезинформациите се важно оружје во арсеналот на рускиот диктатор против демократскиот Запад, во хибридната војна што тој со години ја води надвор од границите на заробената руска држава. Пандемијата на КОВИД-19 му даде одлична можност на Путин да ја разгори таа „војна“ во своја корист. Државните администрации на земјите во ЕУ и самата ЕУ администрација се зафатени со спречување на заразата, лекување на заболените и броење на жртвите од пандемијата. За тоа време, руската агитпроп машинерија, преку руските државни и про-Путин медиуми во и надвор од Русија, секојдневно продуцираат лажни вести и дезинформации за корона вирусот, пишува Џабир Дерала, во својата најнова колумна.
Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен на новиот корона вирус. Само пред 24 часа, принцот Алберт Втори најави дека кнежевството ќе биде ставено во карантин на неодредено време.
Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен, депозитите сигурни.
Мелничарите бараат протокол за возачите – да не ги задржуваат во карантин на граница.