ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Вкупно 48 заразени од Ковид 19, се чекаат резултати од 35 теста

Министерот информираше дека корона вирус бил детектиран кај едно 4-годишно девојче од Штип, кое заедно со семејството на 14 март се вратило од Англија. Другите 5 случаи се од Скопје, Гостивар и три од Дебар. 

March 19, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на пациентите заразени од Ковид-19 во земјата е во благ пораст, се надевам дека кривата ќе продолжи да биде вака релативно рамна. Сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран. Исклучително е добро тоа што пациентите се откриваат во рана фаза, рече министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција за епидемијата на корона вирус во Македонија.

Министерот информираше дека корона вирус бил детектиран кај едно 4-годишно девојче од Штип, кое заедно со семејството на 14 март се вратило од Англија. Другите 5 случаи се од Скопје, Гостивар и три од Дебар.

„Се прави епидемиолошката анкета и се проширува листата на лица со кои контактирале новите пациенти од Скопје, Штип и Гостивар за земање брисеви. Во Скопје имаме еден нов случај, лице што било во контакт со претходно заболено лице. Во Гостивар е регистрирана жена заразена со коронавирус што е вратена од Швајцарија, која се јавила сама и рекла дека била во домашна изолација откако била во контакт со заболен во Швајцарија. Во Дебар имаме три нови пациенти“, рече Филипче и додаде дека сите пациенти се во стабилна состојба, како и единствената пациентка што е на респираторна машина.

Филипче најави дека пациенти заразени со корона вирусот од денеска ќе можат да бидат на третман и во градската болница „8 Септември“ и ќе се дефинираат посебни пунктови во рамките на Здравствениот дом на Скопје, за што наскоро ќе информираат.

Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар, заради тоа што таму има заразени здравствени работници- рече Филипче.

Денеска заседаваше и главниот Кризен штаб, рече министерот, се разговараше за повеќе прашања.

„ Утре ќе биде доставен потрошен материјал кој е потребен во Дебар. Ни пристапија и повеќе компании кои ќе изработат заштитни маски од соодветен материјал“,  рече Филипче.

На Клинички се работи на подобрување на инфраструктурата, на подобрување на пристапот на Инфективна Клиника.

Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, ЈП „Улици и патишта“ за уште една линија за влез на хируршките одделенија, со што ќе се олесни пристапот до кампусот- рече Филипче.

Next Post

Со експериментален лек излекуван маж во Италија заразен со корона вирус

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk