Зоран Кондратенко со пофални зборови за третманот и вниманието што медицинскиот персонал од Инфективна клиника им го дава на заболените од корона вирусот.
„Трет болнички ден. Добри сме благодарение на професионалната нега и човечката грижа на персоналот на Инфективна клиника, кои за секој посебен случај консултираат литература, притоа несебично го посветуваат целото време кое ви треба за консултации и совети.
Луѓево се херои, не застануваат, негата е буквално 24 часа. За нив треба да се пишува.
Од дура страна и вашата поддршка и коментари ни даваат сила да поминеме низ целава ситуација полесно и што побргу да се вратиме кај вас.
До следната објава, ЧУВАЈТЕ СЕ.“, напиша Кондратенко на Фејсбук.