Поради состојбата со корона вирусот кај нас, конфекциската куќa „Кули“ од Прилеп, заедно со уште неколку конфекциски куќи ќе изработат 2 милиони заштитни маски бесплатно.
Менаџерот на компанијата, Александар Мариновски, тврди дека оваа фирма за една недела ќе изработи два милиони заштитни маски. Оваа и останатите компании решиле своите капацитети целосно да ги искористат за оваа потреба. Сите залихи од текстил се донираaт за оваа цел, материјали од кои се прават постелнини, јоргани итн.
На прашањето дали маските имаат заштитна функција, менаџерот Мартиновски рече дека маските се дури подобри од оние во аптеките кои се продаваа по 3-4 денари, а веќе и ги нема на залихи.
Интересот за овие маски е еднакво голем и кај државните и кај приватните здравствени установи, но тие нема да бидат продавани, како што кажува менаџерот на фабриката, туку прво ќе биде однесена една количина во Кризниот Центар Прилеп, од каде маските би биле дистрибуирани каде што се најпотребни: здравствени домови, старски домови, полиција, армија. На инсистирањето од приватните аптеки и болници за откуп на одредена количина маски, Мартиновски одговорил дека неговата фирма ја нема декларацијата со која би му се дозволило да продава медицинска опрема на здравствени установи.
За една недела се очекува да бидат произведени над 2 милиони вакви заштитни маски.