Незвисниот театар од Прилеп „Чин 4 Сцена 5“, во време на вонредна ситуација и неможност за нормална работа, се одлучи да ни го доближи „Малиот принц“ до нашите домови.
„Бидејќи не можеме да работиме во конвенционална смисла на зборот, ние решивме да ви читаме книга. Како прва книга е „Малиот принц“, книга за деца и возрасни, која е четиво кој секој од нас мора да го прочита барем еднаш во животот.
Нашиот член Леона денес ќе ви ги чита деловите 1 – 3, а од утре секојдневно ќе објавуваме по 3 дела од „Малиот принц“, кои ќе ви ги читаат нашите членови.
Се надеваме дека со ова ќе придонесеме во пребродување на овие времиња.
Тренирај креативност и #седисидома!“ велат од театарот „Чин 4 Сцена 5“