Во Косово за првпат е спроведен нов начин на протести, без голема толпа на улица, без гужва и без опасност од ширење на корона вирусот.
Thousands are banging pots from balconies tonight amid the coronavirus pandemic, to protest LDK's old guard planning to overthrow the Kurti government because Kurti refused to give Thaci unprecedented executive powers.
The people have spoken. #Kosovo pic.twitter.com/gSonxJ9Uv7
— Admirim (@admirim) March 19, 2020
Вечерва граѓаните организирани на социјални мрежи точно во 20:00 часот протестираа против предлогот за изгласување на недоверба на Владата предводена од Албин Курти, а иницирана од неговиот коалициски партнер, Демократскиот Сојуз на Косово.
Граѓаните точно во 20:00 часот, почитувајќи ги мерките за забрана на собири, излегоа на балкони и со лажици удрија тенџере во знак на протест. Ваков протест се случува за првпат и претставува интересна атракција за многу корисници на социјалните мрежи.
А.Зеќири