ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на земјава кон НАТО што претставува финален чекор за членството во Алијансата.
ТРИ нови случаи на заболени од корона вирус се регистрирани денеска. Со 19 потврдени случаи, кои беа објавени утрово и новите три, во Северна Македонија до сега има 70 заболени, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес коференција за соостојбите со корона вирусот.
МИНИСТЕРОТ Филипче: „информациите што ги имаме за сите пациенти укажуваат дека имале контакт со заболено лице или лице кое не било заболено, но, било носител во фаза на инкубација. Во нашата земја нема регистрирано таканаречено автохтоно жариште. За сите има податок дека биле во контакт со некој заболен.“
ОТВОРЕН телефонски број за пријавување на несовесно работење од страна на угостителски објекти и маркети со покачени цени на средства за хигиена и основни намирници.
БОЈАН Кордалов, „Корона комуникација – Кредибилни vs. лажни вести (1:0)“
НА патниците да им се овозможи во рок од една година со ваучер да го заменат датумот на аранжманот што веќе го закажале, а не можат да го реализираат поради корона вирусот. Да се воведе и ваучер за аранжмани со авионски превоз од кои авионскиот превоз би се изземал и би се субвенционирал од државата.
НА Инфективното одделение при велешката Општа болница од вчера е хоспитализиран маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска и кој има симптоми слични на корона вирусот. Има покачена температура и сува кашлица, а добил и мозочен удар.
СИНОЌА околу 22 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 55-годишниот Ј.С. од гостиварско Старо Чајле.
СПЕЦИЈАЛНИ летови ќе ги враќаат грците дома од Германија, Англија, Шпанија и Полска.
ПРВО видео на Скај њуз од болницата во Бергамо, Италија каде лекарите секојдневно се борат да спасат живот плус.
ДИРЕКТОРИТЕ на Здравствен Дом – Скопје се откажаа од своите плати – парите ќе бидат пренаменети за Итната помош.