Три нови случаи на заболени од корона вирус се регистрирани денеска. Со 19 потврдени случаи, кои беа објавени утрово и новите три, во Северна Македонија до сега има 70 заболени, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес коференција за соостојбите со корона вирусот.
Една пациентка е од Скопје која патувала во Србија, за во новите заболени е и бабата на 4-годишното девојче од Штип, како и уште еден маж.
До сега има заболени во Дебар, Штип, Скопје и Охрид.
Направени се вкупно до сега 888 тестови. И
„Имаме доволно тестови за понатаму, со најава дека ќе се набават уште. Потешко оди набавката на респираторни машини“, рече Филипче.