ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Сите пациенти се заразени преку контакт со заболен или носител на корона вирусот

Заболените пациенти од корона вирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција, а има и поддршка на останатите органи и системи.

March 20, 2020 16:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Заболените пациенти од корона вирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција. Министерството за здравство во соработка со Фармацевтскиот факултет ги разгледувало стручните трудови според кои добро дејство во лекувањето даваат лекови кои се користеле против маларија, и оти ако се покаже дека тие навистина даваат некаков ефект ќе бидат набавени. Сите пациенти се заразени по претходен контакт со заболен или носител на вирусот во инкубација.

-Заболените пациенти од корона вирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција, а има и поддршка на останатите органи и системи. Сега во светот има се повеќе информации за добри резултати од лекови кои се користат за маларија, веројатно е сличен механизмот на делување. Денеска се обидовме со Фармацевтскиот факултет да ги анализираме тие стручни трудови за да видиме дали има навистина екект и доколку е тоа така ќе набавиме количина и за нашите пациенти, рече одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше дека освен првата пациентка која е пуштена дома има уште двајца пациенти кои се во фаза на заздравување. – Од вкупниот број пациенти кои се лекуваат на Инфективната клиника двајца веќе се во фаза на подобрување на состојбата, рече министерот.

Запрашан дали сите заболени биле претходно во контакт со болни или кај некои постои нејасна слика како се заразиле, Филипче појасни дека сите пациенти кои се заболени биле во конткт со претходно заболен или носител на вирусот во инкубација.

– Засега сите информации што ги имаме за сите пациенти укажуваат дека имале контакт со заболено лице или лице кое не било заболено, но, било носител во фаза на инкубација. Во нашата земја нема регистрирано таканаречено автохтоно жариште. За сите има податок дека биле во контакт со некој заболен, рече министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали новите случаи кои биле тестирани во болницата Жан Митрев  се поврзани соо претходни случаи, Филипче истакна дека „сите се поврзани со веќе постојни пациенти кај нас, освен иницијалните нови кластери кои беа или резултат на луѓе дојдени од ризични региони или во контакт со заболени од други земји“.

Просечната возраст на 19-те нови слуачаи, според Филипче, ако се изземе 4-годишното девојче, е четириесеттина години.

Next Post

Претседателот Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување кон НАТО

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk