Судскиот совет најостро ги осудува објавените лажни вести преку определени портали, за избор на судии, се вели во соопштението на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
– Изборот на судии во Апелациониот суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје од Судскиот совет е извршен на седниците одржани на ден 7.02.2020 година и 10.02.2020 година, пред прогласувањето на вонредната состојба, информираат од Судскиот совет.
Воедно од таму наведуваат дека Судскиот совет има законска обврска да ги објави правосилните одлуки за избор на судии во Службен весник на РСМ.