ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓурчиновски: Од утре значително присуство на Армијата во обезбедување на сите државни граници

Проценките на Генералштабот, наведе Ѓурчиновски, се дека нема потреба во моментов за каква било мобилизација на резервниот состав на Армијата.

March 20, 2020 12:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Почнувајќи од утре ќе биде забележано значително присуство на Армијата, комбинирано во заеднички патроли и активности, за обезбедување на сите државни граници на нашата татковина. Ќе имате можност да забележите наше учество и присуство во комбинирани заеднички патроли со полицијата и органите во земјата, изјави денеска началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на прес-конференција пред Генералштабот на Армијата.

Тој појасни дека покрај зајакнувањето и поддршката на граничната полиција на сите граници, дел од армискиот состав ќе се вклучи во комбинирани заеднички патроли со полициските службеници во обезбедување на одредени витални државни објекти, како и влезни и излезни комуникации, но во координации со Владата и во дополнителни ангажмани.

Проценките на Генералштабот, наведе Ѓурчиновски, се дека нема потреба во моментов за каква било мобилизација на резервниот состав на Армијата.

– Имаме доволни капацитети човечки и технички, искуство, знаење, имаме соодветни мерки. Единството, диспилината на сите нас исклучиво се суштински со цел успешно справување со кризата, доследно почитување на мерките од надлежните институции, порача тој.

Во името на сите припадници на Армијата, Ѓурчиновски на сите граѓани им го честиташе полноправно членство во НАТО.

Генералот додаде оти од пред два дена по прогласувањето на вонредната состоба во нашата земја, Армијата спроведува и извршува дополнително значителни обврски и задолженија, а веќе реализираат заеднички активности во поддршка на МВР.

– Бидете трпеливи, смирени, храбри, одважни, живееме во искклучително тежок временски период, но мора да направиме сешто е во наша моќ да бидеме на висина на задачата, строго да ги почитуваме препораките на надлежните соодветни институциите на Владата. Потребна ни е солидарност и едниство како никогаш досега. Човештвото, земјата, регионот, Европа и Светот се бори со многу моќен невидлив смртоносен непријател, но совладлив е доколку сите бидеме на достоинствен начин и строго ги почитуваме мерките и перпораките на нашите државните институции. Армијата целосно ќе се вклучи во поддршка на нашето население, апелираше Ѓурчиновски.

Генералот упати признаение до сите припадници на армијата, но и здравствените работници, полицијата и сите кои се справуваат со кризата за која во овој момент сите соодветно преземаме мерки.

– Ценам дека имаме капацитет како институции, имаме долг, исторски и патриотски сите институции, во овпј тежок момент да преземеме се што е во наша моќ, да не дозволиме да се случи тоа што се случува во одредени наши сојузнички земји, заклучи Ѓурчиновски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Тетово и Гостивар 442 луѓе потпишале изјава за самоизолација

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk